речник контакт

Физикалното одделение нов ковид центар, денес еден починат пациент позитивен на ковид-19

Ангажирани се седум специјализанти, кои работат на Физикалното одделение, интернистите од јули помагаат на Инфективно одделение, како и кожниот доктор

Петар Печков

Денес почина велешанец на 79 годишна возраст, кој бил на Инфективното одделение. Според надлежните, лицето  во текот на вчерашниот ден бил префрлен од Интерното одделение, каде се лекувал од хипертензија и дијабетес а кај него било потврдено присуство на ковид-19.  Тој е 39-та жртва на последиците од корона вирусот.

Портпаролот д-р Весна Николовска Неделкова информираше дека од денес во функција на нов ковид центар е и Физикалното одделение од велешката Болница, каде има 24 кревети. Моментално таму се сместени седум пациенти а дежураат доктори специјализанти, вработени во болницата. 

Aнгажирани  биле седум  специјализанти, тројца специјализанти по интерна медицина, по еден од неврологија, хирургија, ортопедија и рендгенологија. На Инфективното одделение од јули месец во дежурствата биле  вклучени четворица интернисти а од овој месец се вклучени  уште тројца. Таму работи и др Деспина Зоксимовска специјалист по дерматовенерологија, која е вклучена во работата на ковид одделот.

На Инфективното одделение и физикалното  има хоспитализирано 50 пациенти, 49 се потврдено позитивни а еден е сомнителен, се уште не е докажан. Денес биле испишани шест пациенти а 16 пациенти се на кислородна поддршка.   На Интерното одделение се хоспитализирани три сомнителни случаи, а една пациентка е со негативно тестови, но има потреба  од лекување. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »