речник контакт

Физички нападната екипа на Итната помош и полицајци

Лицето било совладано и пренесено на Невропсихијатрија од каде е препратено во Психијатриската болница во Бардовци

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, додека полициска екипа и  лекарска екипа на Итната помош биле на настан во населба Превалец, каде  физички биле нападнати од жител кон кого била пријавата и  кој кон нив   фрлал цигли. СВР Велес со детали за инцидентот.

„На 26 септември  полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.Н (59 год) од Велес, затоа што физички нападнал екипа на ИМП Велес и полициски службеници кои вршеле службени дејства. По приведувањето, лицето  е пренесено на Нервно одделение за укажување на лекарска помош“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол  на СВР Велес.

„Лицето било крајно агресивно и покрај примената амуларна терапија, бил вознемирен, по што е препратен во Психијатриската болницата во Бардовци“ - соопшти д-р  Елена Лефкова Ќулумова, портпарол на Велешка Болница.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »