речник контакт

Филмовите за Индијана Џонс и Невозможна мисија и оваа седмица пред велешани

На репертоарот се и два анимирани филма „Елементал“ и „Авантурите на Финик“

Петар Печков

Најактуелните филмови во светот овие денови, можат да ги гледаат и велешани во 3Д киноверзум.

Започнува наелектризирана трка против злото! Итан Хант и неговиот тим мора да ги надмудрат своите противници, во седмиот дел од Невозможна мисија,  мора да го  пронајдат опасно оружје пред да падне во погрешни раце и да го спасат човештвото од работ на уништување. Најновото продолжение на Невозможна мисија: Одмазда прв дел со Том Круз,  во Киноверзум Велес. Се прикажува петок, сабота, недела,. вторник и среда.

За тие што не го погледале петтиот дел од авантурата која го освои светот,  можност тоа да го стора четврток и понеделник.   Во филмот „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ освен Харисон Форд играат и Антонио Бандерас,  Мадс Микелсен. Филмот премиерата ја имаше на фестивалот во Кан во мај, кога публиката со аплаузи се воодушевуваше на новите авантури на археологот   доктор Хенри Волтон.


Сабота попладне ќе се прикаже цртаниот филм „Елементал“ дело на студиото на Волт Дизни.  Филмот ги следи Ембер и Вејд - необичен пар од градот каде сите елементи – оган , вода, воздух и копно  живеат заедно. Огнената млада девојка и лабавото момче ќе откријат колку многу тие имаат взаемно.


Многу луѓе не знаат дека ви секоја куќа живеат фини – крзнени суштества кои живеат меѓу луѓето и се грижат за чистење на куќите. Финик е млад припадник на фините кој не го интересира чистотата. Но сѐ се менува кога ќе ја запознае Кристина .Рускиот анимиран филм „Авантурите нa Финик“ ќе се прикаже недела попладне.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »