речник контакт

Филмовите „Граѓанска војна“ и „Абигејл“ премиерно во 3Д киноверзум (видео)

Премиера и за љубовната романса „Заради тебе“ и на анимираниот „Смрдушковци“ синхронизиран на македонски

Петар Печков

Пет филма од кои четири премиери, наредната седмица на репертоарот на 3Д Киноверзум, со тоа што среда е неработен ден.

Најавата за блокбастерот, голем светски хит е „Граѓанска војна“ кој по минатонеделата премеира во САД беше најгледан филм. Во блиска иднина, тим од новинари патуваат низ Соединетите Држави за време на граѓанската војна која брзо ескалира, која ја зафати целата нација.

Хорор триулерот „Абигејл“ има  премеира. Децата знаат да бидат чудовишта. Откако група криминалци киднапираат 12-годишна балерина, ќерка на моќна фигура од подземјето, се’ што треба да направат за откуп е да ја чуваат една ноќ. Во изолираната вила, киднаперите ги снемува еден по еден и откриваат дека не се заклучени со нормално девојче.
Премиера има и канадската љубовна драма „Заради тебе“.   Вејверли, млада жена со напнати односи со нејзините родители,  решава да го помине летото пред да започне на факултет, престојувајќи со нејзината тетка во крајбрежниот град Тофино. Таму е вовлечена во романса со спасителот Блејк кога ѝ држи часови по пливање  и ја  спасува до давење. Дали да остане со него или да оди да студира за доктор?

Премиера и за анимираниот еколошки филм синхронизиран на македонски јазик.  Филмот се фокусира на проблемите на семејството Смрдушковци, мали зелени суштества кои живеат на депонија и јадат ѓубре. Има пораки погодни за децата за рециклирање, емпатија и инклузија. Во потрага по својот нов дом, Смрдушковци се наделуваат во Смрдвил, прекрасно и весело селце. На жал во Смрдвил има еден гаден проблем, локалната депонија ја згадува целата околина. Сопругата на градоначалникот и бескрупулозниот градежен изведувач сакаат на депонијата да градат велнес центар! Смрдушковци сега треба да го спасат својот нов дом заедно со пријателите. 

Истерувачи на духови-смрзнато царство“ филм кој е меѓу најгледаните во светот изминатие две седмици, откако имаше светска премиера. Кога откривањето на древен артефакт ослободува зла сила, новите и старите истерувачи на духови мора да ги здружат силите за да го заштитат својот дом и да го спасат светот од второто ледено доба.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »