речник контакт

Филмовите „Пајажина“ и „Дворец на стравот“ премиерно пред велешката кино публика (видео)

Најгледаните филмови во светот изминатиот викенд „Барби“ и „Опенхајмер“ и натаму се прикажуваат во 3Д киноверзум

Петар Печков

Два нови филма на репертоарот на 3Д киноверузм во Велс.

Првиот е хорор трилерот „Пајажина“ кој ќе биде прикажан четврток и понеделник во вечерниот термин. Кога 8-годишниот Петар се обидува да ги истражи мистериозните звуци кои доаѓаат од внатрешноста на ѕидовите од неговата куќа, тој дознава тајна која неговите родители ја криеле од него.

Втората премиера е на хорор комедијата, производство на Дизни студиото „Дворец на стравот“. Тоа е фамилијарна авантура, за мајка и малолетен син, кои се вселуваат во куќа на периферија каде живат духови. Изнајмуваат истерувач, свештеник и сите заедно  низ забава ќе ги држат гледачите два часа во неизвесност.  
Двата најгледани филмови измиваниот викенд во светот се пред велешката кино публика и наредната седмица.

„Барби“ филмот за куклата и нејзиниот партнер Кен, но во играна верзија, секој ден до среда во попладневниот термин.

Приказната  „Опенхајмер“, за Ј. Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба ќе може да се погледне петок и недела во вечерниот термин.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »