речник контакт

Филмот ,,Деца на сонцето,, пред велешани

Вторник, среда и четврток од 19 ч. во зградата на стар театар

Петар Печков

Од вторник и следните два дена, пред велешани ќе биде прикажан новиот македонски игран филм ,,Деца на сонцето,,. Ќе се прикажува во старата зграда на театарот, со почеток од 19  ч. а цената на влезницата е 100 денари.

 ,,Деца на сонцето,, е суптилна социјална драма со лесни апсурдни ситуации . Еден од главните ликови е Aнгела, млада девојка која барајќи го својот пат, бегајќи од својата фамилија влегува во мафијата, за на крај повторно да и се врати. А пак Mарко, нејзината љубов, не може да излезе од мафијата. Нивната љубов завршува несреќно. филм, кој ја раскажува приказната за едно семејство што ќе се најде во безизлезна положба и на кое се' што му останува е надежта.

Времетраење:  90 мин.
Режисер:  Антонио Митриќески
Продуцент:  Дејан Милошевски
Монтажа:  Андрија Зафрановиќ
Сценарио:  Гордан Михиќ
Директор на Фотографија:  Јарослав Шода
Музика:  Влатко Стефановски

Главни Улоги:
Ивана Пливковиќ, Кире Џотевски, Мето Јованоски, Емир Хаџихафизбеговиќ , Кире Ѓоревски, Владо Јовановски, Билјана Таневска, Милица Стојанова, Данчо Чевревски

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »