речник контакт

Филмот „Платеници 4“ со светската премиера и пред велешани (видео)

И натаму на репертоарот е љубовната драма „И после се“, „Убиството во Венеција“ работен по романот на Агата Кристи, хоророт „Калуѓерка2“ и анимираните „Миа и јас“ и „Елементал“

Петар Печков

Денес со светската премиера и во Велес во 3Д киноверзум  се прикажува „Платеници 4„ акционен филм со Сталоне, Статам, 50 сент, Лундгрем, Гарсија..  Платениците се здружуваат против трговец на оружје кој има масовна приватна војска под свое водство. Вооружени со секое можно оружје, платениците се последната линија на одбрана во светот. Филмот е на репертоарот се до среда во вечерниот термин.

Љубовната драма „После се“ ќе се прикаже четврток, недела понеделник и среда.  Иако Теса и Хардин претходно се разделија, Хардин е решен да се поправи и да ја обнови нивната љубов. Кога патува во Лисабон за да ја види Теса, неговата поранешна љубовна врска  по име Натали повторно влегува во неговиот живот.

Екранизирана е книгата на Агата Кристи „Убиството во Венеција“ каде Херкул Поаро е тој што треба да ја реши смртната загатка. Во пост-воена Венеција, Поаро, сега веќе пензиониран и во егзил, присуствува на една сеанса против своја волја. Но кога еден од гостите е убиен, тогаш поранешниот детектив мора да го открие убиецот. Се прикажува , сабота и вторник.  

Хоророт „Калуѓерка 2“ и оваа седмица сите седум дена освен недела, ќе се прекажува во доцниот термин.  1956 - Франција. Свештеник е убиен. Злото се шири. Продолжение на светскиот хорор хит, Калуѓерка 2 ја следи сестра Ирена како се соочува со Валак, демонската калуѓерка.

Анимираниот филм „Миа и јас“  ќе се прикаже петок од 18ч. Миа открива дека нејзиниот магичен камен е дел од античко предвидување и тргнува на неверојатно патување кон најдалечните острови на Сентопија, за да се соочи со големото зло и да ја скрои својата судбина.

Недела попладне ќе се прикаже цртаниот филм„Елементал“ дело на студиото на Волт Дизни.  Филмот ги следи Ембер и Вејд - необичен пар од градот каде сите елементи – оган , вода, воздух и копно  живеат заедно. Огнената млада девојка и лабавото момче ќе откријат колку многу тие имаат взаемно.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »