речник контакт

Филмот „Убијците на цветната месечина“ со Ди Каприо и Де Ниро, со светската премеира и пред велешани (видео)

Две македонски филмски премиери „Лена и Владимир“ и „Кино љубов“

Петар Печков

Три  филмски премиери на репертоарот на 3Д киноверзум. Два филма се од нова македонска продукција.

„Убијците на цветната месечина“ е американски криминалистички филм од 2023 година, во режија и продукција на Мартин Скорсезе, кој го напиша сценариото заедно со Ерик Рот, базирано на истоимената книга од 2017 година на Дејвид Гран. Се работи за вистински настан, Членови на Осиџ племето во Америка се убиени под мистериозни околности во 20-тите години од минатиот век, со што се предизвикува голема истрага од ФБИ со Ј Едгар Хувер. Имотот на кои тие живеат е богат со нафта.  Во главните улоги се Леонардо Ди Каприо и Роберт Де Ниро.

„Лена и Владимир“ Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот. Овој филм ветува смеа, солзи и емоции. Време е да избегате од реалноста и да влезете во свет на магија. Лена и Владимир македонски долгометражен филм во режија на Игор Алексов, и сценарио на Александар Русјаков, со Тони Наумовски, Сара Климоска, Денис Абдула, Луран Ахмети, Петре Арсовски, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски.

Кино „Љубов“ македонски филм во режија на Јани Бојаџи од 2021 година. Главните улоги ги играат глумците: Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ и Благоја Чоревски. Филмот ја следи Мира, адвокатка во неволја, која поставува бомба под автомобилот на нејзиниот брат Стево на денот кога Македонија прогласува пандемија на КОВИД-19, за да го спаси семејството од распаѓање. Заплетот постепено открива игра полна со недоразбирања, љубов и страст. Стево го преживува атентатот и една година подоцна го инаугурира киното наречено „Љубов“, идеја и животен сон на сопругот на Мира.

Догмен е француски акционен драмски филм на англиски јазик од 2023 година, Сценариот  и режија на   познатиот режисер  Лук Бесон.  Сместен во Њу Џерси, прикажува човек кој  како дете бил малтретиран од неговиот татко и сака кучиња.

Анимираниот филм „Патролни шепи: моќен филм“може да се гледа  сабота и недела попладне.   Канадски компјутерски анимиран суперхеројски филм од 2023 година заснован на телевизиската серија PAW Patrol.

Ќе се прикажува и цртаниот филм„Елементал“ дело на студиото на Волт Дизни.  Филмот ги следи Ембер и Вејд - необичен пар од градот каде сите елементи – оган , вода, воздух и копно  живеат заедно. Огнената млада девојка и лабавото момче ќе откријат колку многу тие имаат взаемно.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »