речник контакт

Филоктет Медеја најдобра претстава на Фестивалот на Атичка драма ,,Стоби,,

Актерски награди исто така заминаа за Казахстан, за режија ја доби србинот Никита Миливојевиќ

Петар Печков

Претставата Филоктет Медеја во продукција на  Народен театар на Западен Казахстан – од  Казахстан е добитник на Гран при наградата за најдобра претстава на  годишниов Фестивал на античка драма ,,Стоби,,.   Жирито во состав Кети Борисовска  -актерка, Дејан Дамјановски режисер и  Ивана Јарчевска – театролог,  за претставата посочија дека  донесе  комплетен впечаток  и многу енергија.  

Понекогаш  за да се случи магија на сцената доволно е да се појават две исклучителни енергии и да го спојат неспоивото, од два различни света да создадат еден. Едно огниште, платно и многу актерска посветеност е  доволно за да се  прескокне замислената рампа кон публиката и сите заедно  да дишат во неповторливиот   акт  на театарот  кој се раѓа пред нашите очи - ја образложи одлуката Дејан  Дамјановски. 

Наградата за најдобра режија ја доби Србинот Никита Миливојевиќ за претставата ,,Перикле,, од Вилијам Шекспир. 
Оваа најмалку посакувана комедија на  Шекспир  не` изгледала поотворена, посоголена и поразиграна. Претстава  во која   сценографијата, костимографијата,  музиката во живо и комплетно актерска екипа делува  како еден  организам, во кој се функционира, во  која се е смислено  до најмал детаљ и  која комуницира со публиката.  Таа донесе многу суптилност, боја и нијанси  на сцената и тоа е заслуга на режисерот – кажа Дамјановски.  

Актерските  награди заминаа  во Казахстан, за женска на Ѓулнур Каирлијаева за Медеја во истоимената претстава и  на  Салаут Туменов  за улогата на Филокет од истата претстава.  Нив им беа врачени статуетките ,,Ангигона,,.

Директорот на ФАД  ,,Стоби,,   е задоволен од тоа што понудија, но не и од посетеноста.  Двете комедии на Шабачки  и Прилепски театар  се играа пред  полна сала, како и вчеравечер, кога  беа доделени наградите а во чест  на наградените во преполната  сала на велешки театар, театар   ,,Комедија,, ја одигра ,,Стјуардеси,,.  

Фестивалот донесе колорит  од естетики и поетики од толкување на античките драмски  форми, нивното современо читање, збирање, толкување – рече Зоран Љутков директор на здружението на граѓани ,,Стоби,, кое е организатор на фестивалот.  

На 16-тото издание беа прикажани 6 претстави од Србија, Бугарија, Казахстан и Македонија,  во натпреварувачка конкуренција и две во придружната програма.   На разделба организатор најави дека по три години играње во  салата на велешки театар, до година се враќаат повторно во античкиот локалитет Стоби,,.  ФАД ,,Стоби,, е финансиран од Општина  Велс и Министерство за култура.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »