речник контакт

Фирма најмена од локалната власт ќе ги сели нелегалните објекти од јавните површини

Дислокација на времени а напуштени објекти,на киоскот кај Ќоше и тезгата во центар на град

Петар Печков

Општината ќе започне со отстранување на дивопоставените времени објекти, но и напуштените согласно динамиката на работа и потребите на градот. За оваа цел по повеќе годишна пуаза склучен е договор со фирма од Скопје, која ќе ги работи овие дислоцирања на времените објекти.

Ова се однесува на киоскот кај ОУ Блаже Конески кој без дозвола сопственикот го поставува каде сака и го шета низ улиците на градот,  потоа со времените објекти кои се напуштени и празни, подолго време не се користат. Но и со тезгата спроти споменикот на Коњаникот во центарот, која служи за потсмев на гостите во градот, оти на најфреквентната позиција е урузрпиран простор од тротоарот и среде град никна мало пазарче, има чушки и патлиџани, кромид и копир на отворено. 

Киоскот ќе биде отстранет наредните денови, заедно со неколку други исто така диво поставени за кои се завршени процедури . Ова доаѓа откако  се склучи договор со служба од Скопје која ќе ги изведува ова активности, за отстранување на диво поставени објекти.  Отстранивме гаражи, околу зградата на Радио Велес, се гради паркче. Исто така се отстрануваат гаражи  и кај плочата кај Нова населба. Со едно доаѓање на екипита од Скопје  да исселат повеќе објекти. Тезгата во центарот спроти Коњот и таму има издадено  и  опомена согласно Законот и таму ќе постапиме по Законот – изјави Слачво Чадиев градоначалник на Велес.

 Оваа најава доаѓа  по реакциите на граѓаните, кои подолго време бараат почитување на законската регулатива и постапување по неа за сите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »