речник контакт

Фонометарот стаса, паднаа првите пријави за гласна музика

Надлежните измериле силна музика во ресторан Булетус, дискотека Ноктурно и базен Снупи

Петар Печков

По година дена поправка на фонометарот, справата со која се мери гласноста на музиката, тој е вратен на СВР Велес. Сега полициските екипи ќе можат да излегуваат на терен и постапуваат по реакциите на граѓаните за нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика.

Во текот на изминатите две седмици извршени се неколку контроли во угостителските објекти, каде е извршено мерење на нивото на штета бучава. Има констатирано три прекршоци нарушен јавен ред и мир со гласна музика. Од СВР Велес посочуваат дека тоа е констатирано во ресторан Булетус, дискотека Ноктурно  и на базен Снупи. Изготвени се записници и поднесени барања за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »