речник контакт

Фонтаните подолго време не работат

Во тек е тендер со кој ќе треба да се изврши винклување на моторите

Петар Печков

Двете фонтани во градот, во Младински парк и кај Авона во Нова населба се вон функција. иако привршува месец мај. Тие не работат неколку месеци, па велешани реагираат, зошто токму во пролет, кога  започнуваат прошетките, местата каде излегуваат се со лоша слика.

Зошто фонтаните не работат. Толку време мина а тие се вон Функција. Освен тоа се и  корпи за смет од страна на несовесни граѓани. Време е да проработат - велат велешани. 

Од ЈКП Дервен  за одговор упатија кон локалната власт, која е надлежна за нивно одржување. 

Во тек е тендер со кој ќе треба да се изврши винклување на моторите. Веднаш потоа тие ќе проработат - велат од Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »