речник контакт

Фонтанта кај Авона наскоро ќе проработи

Реконструкцијата се одолговлечи осум месеци

Петар Печков

 Фонтаната кај Авона граѓаните чекаат со месеци чека да биде  повторно пуштена во употреба. Иако беше најавено дека ќе проработи по Денот на Општианта 9-ти Ноември, тоа не се случи. Деновиве откако времето се затопли и околните клупи пак се  наполонија со минувачи, се актуелизираше потребата таа да функционира. 

 Фонатаната се запусти, повеќе од  осум месеци не работи. Сите кои тука минуваме, одмараме констатиравме дека баш е добро таа да работи повторно - велат сограѓани кои тука одмараат.

Фонтаната не работеше оти водата протекувала до соседната зграда и создала сериозни оштетувања.  Од ЈКП Дервен, кои  ги изведуваше поправките најавуваат дека до 15-ти април таа ќебиде пуштена  во употреба.

Поради тешка оштетеност на фонтаната кај „Авона“ во изминатиов период беше извршена реконструкција. Во градежниот дел беше извршена санација на подниот слој и ѕидовите, беше поставена хидро-изолација и беше извршено фарбање со специјална базенска боја. Освен ова, ЈКП Дервен изврши репарирање на електро-машинската опрема, водоводните инсталации и чистење на украсните инокс елементи - изјавија од ЈКП Дервен. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »