речник контакт

Фото изложба ,,Она што го гледаме за последен пат,, од Дарко Николовски (фото)

На изложбата се поставени 40-тина паноа со фотографии од сакрални објекти и рурална архитектура, од поствизантиски период, од скопско

Петар Печков

Денес на пладне беше отворена изложбата ,,Она што го гледаме за последен пат,, од Дарко Николовски. На изложбата се поставени 40-тина паноа со фотографии од сакрални објекти и рурална архитектура, од поствизантиски период, од скопско.

Николовски е историчар на уметност и советник конзерватор од Националниот конзерваториски центар од Скопје. Ова е негова втора тематска изложба, првата беше во Велес, пред пет години, со сакрални објекти и рурална архитектура од велешко, поточно од Азот. Овој пат авторот се претставува со сакралното богатство на скопскиот регион.  

Насловот ,,Она што го гледаме за последен пат,, е за да побуди интерес кај јавноста и стручните кругови. Или она што го гледаме за последен пат иако звучи апокалиптично. Меѓутоа реалноста не е многу розова.  Преку фотографиите се прикажува состојбата со овие објекти и потенцира на загорозеноста на културното наследство  и нешто да се преземе за да оставиме за идните генерации. Посебно на удар се малите цркви преку надлежните државни институции, МПЦ и црковните одбори. Или ако нешто се работи не е координирано - кажа авторот Николовски.  

Изложбата која е поставена  во Ликовниот слон, е отворена за јавност следните две седмици.  Таа е прва која годинава се поставува во овој простор. 

Изложбата е со специфична тематика.  Преку овие фотографии претставено ни е богатството на архитектурата, културното наследство, на неимарството, на фрескоживопис, но и гледаме во каква состојба е истото. Се надевам дека изложба ќе предизвика интерес кај јавноста, за културното наследство  од средновековниот период, но и што да се преземе за негово зачувување  -  изјави Елица Николова, кустос советник во Народен музеј од Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »