речник контакт

Францускиот филм „Кучкар“ премиерно во 3Д киноверзум (видео)

На репертоарот е и најгледаниот филм изминатиот викенд во светот, хоророт „Истерувач на Ѓаволот:Верник“, cе прикажува и македонските „М“ и комедијата „Те дуа, жими мене“

Петар Печков

Една премиера на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес, од денес тргнува со кино прикажување.
Догмен е француски акционен драмски филм на англиски јазик од 2023 година, Сценариот  и режија на   познатиот режисер  Лук Бесон.  Сместен во Њу Џерси, прикажува човек кој  како дете бил малтретиран од неговиот татко и сака кучиња.

Најгледаниот филм изминатиот филм во светот изминатиот викенд,  е хоророт „Истерувач на Ѓаволот:Верник“ продолжение на филмот од 1973 година, шестиот дел од франшизата „Егзорцист“. Филм  за едно 12 годишно девојче опседнато од мистериозен дух, присилувајќи ја мајка ѝ да побара помош од двајца  свештеника да ѝ помогнат.

Биографски комедија- драма филм „Луда пара“ е заснован на неверојатна вистинска приказна за секојдневни луѓе кои ја искористуваат слабоста на берзата во тој момент и ја претвораат обичната гејмерска продавница од локалниот трговски во светска сензација. Се заснова на книгата „Асоцијалната мрежа“ од 2021 година на Бен Мезрич.

Македонскиот филм „М“  во 3Д киноверзиум. Малиот Марко живее во зафрлена шума, под будното око на таинствениот и претерано заштитнички настроен татко. Не знае ништо подалеку од нивниот изолиран живот. Марко бара утеха во својата скапоцена сликовница, наоѓајќи спокој и одговори меѓу нејзините страници. Еден ден, средбата со едно љубезно, беспомошно момче по име Мико, внесува малку топлина и поврзаност во изолираниот свет на Марко. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8 годишниот Марок, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески- Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски. Режијата е на Вардан Тозија. Ќе се прикаже петок, сабота и вторник.  Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзовиќ.

Анимираниот филм „Патролни шепи: моќен филм“може да се гледа  сабота и недела попладне.   Канадски компјутерски анимиран суперхеројски филм од 2023 година заснован на телевизиската серија PAW Patrol.

Македонската комедија „Те дуа, жити мене“   за маалски џанак, коцкар и хармоникаш , кои  трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »