речник контакт

Фудбал или ватерполо

В недела на двојна програма Трета лига југ, во Башино село 11 ч. Илинден – Младост, на Градски во 13ч. Борец – Бабуна

Петар Печков

Недела завршува есенската полу етапа во третата лига југ, каде на првите три места се три велешки екипи, Борец со 40, Бабуна од Мартолци со 31, и трет е Илинден од Башино село со 29 бода. Распоредот сакаше токму тие во последното коло да играат на домашен терен и тоа во градско дерби првиот со вториот Борец – Бабуна а почетокот е закажан во 13 часот.

Претходно во 11 часот на фудбалското игралиште во Башино село  Илинден игра со Младост од Кривогаштани. Убава можност велешките љубители на фудбалот да ги  видат овие екипи. Единствена непозната е како ќе се игра на Градскиот стадион кој по дождот од четвртокот е прекриен со вода.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »