речник контакт

Фудбалерите на Борец елиминирани во Купот од ФК Струга ТЛ

Елиминирани во осминафиналето и фубалерките на ЖФК Борец

Петар Печков

Со поразот од 1`:0 ( 0:0) во Струга попладнево, фудбалерите на ФК Борец 1919 се елиминирани во осминафиналето од Купот, откако првиот наптревар , одигран во Велес пред еден месец, заврши без голови.

Домаќинот ФК Струга ТЛ до победата дојде во 47` со голот на Лена, откако претходно домашниот фудбалер се прошета низ шеснаесетникот го проигра Лена, кој ја пласираше топката во мрежата на немоќниот Мустафа.  Тој во последниот напад спречи повисока победа за домаќините а во 59-тата минута топката играше билјард на голот нa Борец, ја погоди поречката, па стативата па некого од велешките одбранбени фудбалери, шеташе во петерецот, но стружани не успеаја да ја затресат мрежата. Заслужена победа на ФК Струга ТЛ која оди во следната фаза четврт-финалето.  

Фудбалерките на ЖФК Борец се исто така елиминирани од Куп натпреварите во осминафиналето. Загубија дома на Градски, од ЖФК Топ гол од Битола со 0:8. Со оваа екипа играа првенствена средба и се поразени два пати за неколку дена. Во првенството загубија со 1:5.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »