речник контакт

Фудбалерите на Борец едвај победија во Македонска Каменица

Победи за двете футсал екипи,кошаркарите, порази за фудбалерките, одбојкарите и ракометарите. Боксерот Фератов со одлична сезона

Петар Печков

Лидерот на Втората лига Исток  ФК Борец 1919 со пресврт во финишот, во последните пет минути се спаси од пораз во Македонска Каменица кај претпоследно пласираната екипа која има само шест бодови.  Домаќинот преку Гоцевски во 45 го доби првото полувреме. Слабата игра за велешани продолжила во вторите  45 минути а израмнувањето доаѓа во 85-та минута од Ѓорѓиевски, додека преку пенал во 90-та велешани  со голот на Христов победуваат.  Натпреварот бил на моменти  остар и нервозен, по што домаќините  добиваат два црвени а гостите еден црвен.  На крајот судијата мора од  теренот и од Каменица да заминува во полициска придружба.   Во следното 12 коло ФК Борец  кој има 28 бода, игра дома со ФК Партизан од Обршани, кој е седми со 10 бода.

 Во Првата футсал лига две победи за двете велешки екипи. Шампионот КМФ Велес  убедливо со 2:12 (2:6) славеше во Тетово против последно пласираниот тим  на КМФ Шкендија, кој има само еден бод, но затоа поведе со 1:0. КМФ Гемиџии 1903 дома во соседско дерби според пласманот на табелата,  победи со 7:3 (1:0) против КМФ од Јувентус Серава од Скопје. По ова осмо коло КМФ Велес е втор со 19 пет помалку од лидерот КМФ Шкупи а КМФ Гемиџии 1903 е  шести со 12 бода. Во следното коло КМФ Велес на сериозен тест,  игра со трето пласираната екипа КМФ Астибо од Штип која заостанува зад велешани за 4 бода. КМФ Гемиџии гостува во Миравци на КМФ Цико Проект со кого имаат ист број бодови и се соседи на табелата. 

Во Првата женска фудбалска лига,  ЖФК Борец на гостувањето во Кочани против екипата на  ЖФК Кочани загуби со 5:1 (3:1). Младата екипа на велешанки била лесен противник  за 11-то пласираниот тим на Кочани. По  9 кола велешанки се 12-ти со три бода.  Во следното коло играат дома со ЖФК Речица која има осум бода и е 9-та од 14 екипи.

Започна одбојкарското првенство во машка конкуренција. Младата екипа на ГОК Борец во првото коло дома, во салата на ОУ Блаже Конески,  загуби со максимални 0:3 ( 19,23,19) од тетовска  Лирија.  

Младата ракометна екипа забележа нов пораз во Супер лигата, овој пат од лидерот Еурофарм, дома со  18:41 (8:23). По седум кола велешкиот лигаш е последен без бода а во следното коло повторно дома РК Борец игра со Вардар Јуниор  кој има забележано две победи. 

Кошаркарите на КК Борец Баскет победија во Скопје против екипата на КК Спарта со високи 75:95. Ова беше средба од четвртото коло а домаќините имаа само една победа. За одбележување е што   Виларов за велешани постигна осум тројки. КК Борец е втор со седум бодови а во следното коло игра со КК Куманово кој е осми со една победа.  

Во Штип со последниот турнир заврши државното првенство во бокс. Боксерскиот клуб Борец кој подоцна се вклучи во првенството, го заврши во долниот дел. Затоа пак Октај Фератов во средна до 75 кг. имаше одлична сезона од 12 борби има 11 победи, шест со нокаут, пет со технички нокаут   и еден пораз на турнир во Сараево БиХ.  Фератов ќе учествува на боксерскиот турнир,,Златен гонг,, во Скопје кој ќе се одржи викендов.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »