речник контакт

Фудбалерите на Борец го освоија првиот бод во Втората лига, иако ги постигнаа двата гола во Тетово

ФК Тетекс - ФК Борец 1:1 (0:0)

Петар Печков

По 18 одиграни кола ФК Борец го освои првиот бод во Втора лига. Во Тетово одиграа нерешено соа екипата на ФК Тетекс 1:1 (0:0) .

Велешани како гости поведоа со голот на Милан Чичевски во 60 минута а во финишот во 82  со автоголот на Борец,  домаќините израмнија на 1:1.

Ова беше дерби на двете најслаби екипи на табелата, последно пласираниот ФК Борец и претпоследниот тим ФК Тетекс, кој имаше 10 бода.

Во следното коло во Велес гостува екипата на ФК Вардар која е трета но со ист број бодови како лидерот ФК Воска спорт и ФК Гостивар  со по 43.    

За потсетување дека последната победа ФК Борец ја имаше во 30 коло од Првата лига на 1 мај 2022 годинана Градски,  против ФК Скопје а одигра и еден куп натпревар во 1/16 финалето каде загуби, тоа е серија од 21 натпревари  без победа или реми, која заврши денес во Тетово

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »