речник контакт

Фудбалерите на Борец рушат се пред себе во Втората лига Исток

Слаб старт на футсал првакот КМФ Велес, Гемиџии забележаа пораз. На гостувањето во Прилеп загубија и ракометарите. Стефан Мицов победник на тенискиот опен турнир во Велес. Бистро од Алексинац најдобар и поединечно и екипно на риболовниот куп Кркушка.

Петар Печков

Во петтото коло од Втората фудбалска лига Исток велешки Борец победи дома во дербито со непоразениот Кожуф до Гевгелија со 2:1 (1:1). Домаќинот стигна тешко до бодовите, во финишот од пенал во 85-тата минута а го реализираше  Христов. Поведоа велешани во 3-тата минута  преку Колевски а гевгеличани израмнија во 25-та преку Ристовски.  Во следното коло Борец 1919, утре гостува во Радовиш на Плачковица која е четврта со  три бода и 9 бодови. По пет кола ФК Борец е лидер со пет бодови  предност од 15 освоени. 

Се одигра второто коло од Првата футсал лига. Првакот КМФ Велес со скромен старт еден освоен бод, викендов во Кавадарци против КМФ Црна Река. Одиграа нерешено  4:4.  КМФ Гемиџии 1903 играше во Скопје против Железарец загуби со високи 8:1. Во следното коло КМФ Велес го пречекува лидерот КМФ Црна Река а КМФ Гемиџии  игра дома    Јувентус Серава.

Ракометарите на Борец во Супер лигата, во второто коло загубија во Прилеп од истоимената екипа со 33:22 ( 17:13). Младите велешани со 10-тата минута биле во водство 5:6 а потоа домаќините поведуваат з ана крајот да слават со 11 гола предност.  Ристовски со чест гола бил најефикасен во редовите на велешани. Поради финансиски проблеми клубот игра со младинска екипа, за да не се откаже од лигата. Во следното коло во Велес гостува екипата на Охрид. 

 Викендот Велес и ТК Борец беа домаќини на отвореното првенство  во тенис.   Стефан Мицов го  победи  Горазд Србљак со 2:0 во сетови. Годинава на турнирот учествуваат 17 тенисери, и се одржа по седми пат. 

Во неделата на патеката на Вардар, кај железен мост се одржа риболовниот куп ,,Кркушка,,.Со учество на 16 екипи, од кои пет од Србија победи Бистро од Алексинац -Србија  пред Бабуна Велес  трето Црна река 1923 од Битола.  Во поединечна конкуренција првите три места ги освоија гостите од Србија победник  Тане Крстиќ   второ Предраг Ѓорѓевиќ трето  Бранислав Станкович, сите од Бистро од Алексинац.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »