речник контакт

Фудбалерите на Борец се враќаат непоразени од Струга (видео)

ФК Детонит јуниор - ФК Локомотива Градско 2:1 (Втора лига Исток) Голманот на ФК Борец Рниќ одбрани и пенал

Петар Печков

Велешкиот прволигаш ФК Борец се враќа непоразен од Струга, каде одигра нерешено со екипата на ФК Струга ТЉ, која беше шесто пласирана. Така по трите последователни порази  бод за велешани  и тоа од гостување.   Домаќинот поведе рано уште во 9` преку Цаке.  Во 20` минута Ѓорѓиев можеше да израмни но не беше прецизен иако беше сам пред домашниот голман.  Гостите од Велес второто полувреме го одиграа со играч помалку откако Николовски во 50` заработи црен картон. Згора на тоа 79` пенал за стружани, кој голманот Рниќ го одбрани.  Следеше брза контра  и Љума во 81-та  со лоб  ја смести топката во мрежата на домашниот тим. По ова 10-то коло ФК Борец 1919 е 10-ти со осум бодови а во следното коло, следниот викенд во Велес гостува екипата на ФК Академија Пандев која е трета со 18 бодови. Веќе в среда истите противници, ФК Струга ТЉ и ФК Борец 1919 , ќе играат нов натпревар, исто така во Струга. Тој е во рамките не 1/8 на Купот.   

Во седмото коло од Втората лига Исток, екипата на ФК Локомотива од Градско гостуваше во Радовиш, кај ФК Детонит а двете екипи беа соседи на  дното од табелата со по четири бода.   Домаќинот победи со 2:1, по што ФК Локомотива остана претпоследна соа четири бода а во следното коло во Градско гостува ФК Беласица од Струмица, која е четврта со 11 бода

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »