речник контакт

Фудбалерите на Борец со играч повеќе, лесно го совладаа ФК Силекс

ФК БОРЕЦ 1919 -ФК СИЛЕКС 2:0 (2:0)

Петар Печков

Стадион  Зоран Паунов  во Велес

судија: Марјан Ецкоски Охрид

Стрелци: Прелчец 7‘  од пенал, Ристовски М. 13‘  за ФК Борец

картони: жолт -Ефтимов, Трајановски, Трајков (ФК Б);  Костовски (ФК С)

ФК Борец: Ѓоргиевски, Ристовски, Стојчевски, Трајановски, Коцев, Прелчец, Силва, Ристовски , Ефтимов, Трајков, Ристески играа и Пеев, Ѓорѓиев, Ибрахимовиќ, Чичевски, Стојменовски

ФК Силекс: Трајковски, Благојевиќ, Грозданоски, Ивановски, Костовски, Серафимовски, Мустафов,Тимовски, Нешовски,Карчески, Тантуровски   играа и Костовски, Ѓуриќ, Жеравица, Ристов

Победа за велешките фудбалери, по двата последователни порази., На Градски денес беше поразен тимот на ФК Силекс од Кратово со 2:0, откако гостите уште во 6-тата минута останаа со играч помалку. Беше исклучен  Тимоски, кој на гол линија играше со рака, иако гостите го уверуваа судијата дека играл со рамо.  Стрелец на ударот од 11 м.  беше хрватскиот интернационалец Прелчец. Набргу во 13-тата Марјан Ристовски зголеми на 2:0. 

Велешани доминира во текот на средбата, имаа повеќе шанси и удари во рамките на голот, но резултатот остана непроменет, иако можеа да слават и поуверливо.

Поради тоа што тренерот Горазд Михаилов е позитивен и отсуствува од клупата, на денешната средба, екипата ја водеше неговиот помошник Ане Темелков.

По ова 17-то коло ФК Борец е петти со 25 бода, колку што има и екипата на ФК Струга ТЉ. Во следното , последно есенско  коло велешани гостуваат на ФК Работнички во Скопје кој е осми со 21 бод.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »