речник контакт

Фудбалерките на ЖФК Борец победија во Охрид, во Втората лига

Победа за ФК Превалец, реми за ФК Боpец и пораз за ФК Локомотива во Третата фудбалска лига Центар. Почнаа натпреварите од Првата ракометна лига, пораз за МРК Борец

Петар Печков

Се одиграа натпреварите од второто коло на Третата фудбалска лига центар. Победа за ФК Превалец, реми за ФК Борец и пораз за ФК Локомотива oд Градско. На гостувањето во Крушево против ФК Питу Гули, екипата на ФК Превалец победи со 1:2 (0:2). ФК Борец одигра реми во прилепско   Лажани со ФК Слога 1:1. Во соседското дерби во  кавадаречка Марена, истоимената екипа со високи 7:1 славеше над ФК Локомотива од Градско. Во следното коло ФК Превалец игра со ФК Марена,  ФК Борец со ФК Росоман а ФК Локомотива со ФК Бучин.

Во Втората женска фудбалска лига ЖФК Борец победи со 3:4 во Охрид, против екипата на ЖФК Билјанини извори.  Во првото коло велешанки одиграа реми дома.

Започнаа натпреварите од Првата ракометна лига. Викендов настапи екипата на МРК Борец, која дома загуби со 19:54 (9:25) од РК Делчево. Тие настапуваат во групата „А“ . Во групата „Б“ настапува РК Бисинов, кој ова коло беше слободен.

 фото ЖФК Борец/ФБ

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »