речник контакт

Фудбалерките на ЖФК Борец славеа на домашен терен над ЖФК Плачковица

Порази за одбојкарите, ракометарите, фудбалерите на ФК Борец, победа за фудбалерите на ФК Башкими од Горно Јаболчиште

Петар Печков

Со пораз во полуфиналето разигрувањето за титулaта првак на Македoнија во одбојка, откако во Струмица загуби со максимални 3:0 (13,19,19)  од ОК Струмица. Вториот натпревар се игра во Велес, утре понеделник во салата Гемиџии со почеток во 19ч.  Се игра на два добиени натпревари.

Пораз за ракометарите на ФК Фруитленд во третотo коло од разигрувањето за опстанок. Загубија во Скопје од составот на РК Пролет 36:30 (18:15). По ова коло остануваат 4-ти со 3 бода, колку што има и РК Струга, која гостува наредниот викенд во Велес. Во разигрување за опстанок  излегува од Супер лигата последно пласираниот а претпоследниот игра бараж со второ пласираниот од разигрувањето во Првата лига.

Фудбалерките на ЖФК Борец  победија со убедливи 4:0 против  екипата на ЖФК Плачковица од Радовиш, која е петтопласирана. Со овеи три бода велешанки го зиебгнаа последното место и се искачува на едно место погоре со 4 бода. Тие имаат освоено 7, а имаа казна од ФФМ од минус 3 бода. Во Втората лига се натпревруваат осум екипи. Во следното коло во Велес гостува тимот на ЖФК Порече од Македонски Брод, кој е 4-то пласиран со 16 бода.

Фудбалерите на ФК Борец загубија со 2:0 на гостувањето во Радовиш од составот на ФК Детонит Плачковица кој е петто пласиран. Велешани остануваат препоследни и се веќе во Третата лига Југ, откако го загубија директните дуели со екипите кои се на дното на табелата ФК Осогово и ФК Вардарски. Во следното 25 коло на Градски во Велес гостува петтопласираниот тим на  штипска ФК Брегалница.

Екипата на ФК Башкими од Горно Јаболчиште победи во Превалец  над составот на ФК Влазними јуниор од крушевско Пресил, со 2:0. Со овие три бода тие се сами на третата позиција со 35 бода. Во ова коло слободен беше ФК Превалец, кој останува на второто место со 38 бода. Во следното коло ФК Башкими гостува во Дреново, на истоимениот клуб кој е 11-ти. ФК Превалец е слободен и во ова коло. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »