речник контакт

Фудбалскиот терен го заменија со касарна

Новата генерација војници даде заклетва во велешката касарна. Меѓу нив и две фудбалерки, кои наместо со топката ќе се дружат со пушката

Петар Печков

Нови 255 војници доброволци од 21-та генерација  ја дадоа свечената заклетва во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,,. Меѓу нив се 17 седумнаесет девојки а во стројот се и две велешанки, членки на женската екипа на ФК Борец. Тие следните три месеци наместо на фудбалскиот терен, ќе бидат во војничкиот строј.  Едната од нив е и репрезентативка на  државната селекција на Македонија Ангела Гиновска,.

За мене ова е исполнување на мојот сон и моја афирмација.  Тоа е начин да ги срушиме предрасудите за машко женски професии. Освен маус во рацете може да се држи и оружје. Ова е најмалку нешто што може да се даде на земјата која ни дале се . Два пати конкурирав за прием на Воената Академија, не успеав. Топката е полесна пушката се уште ја совладуваме -  вели дваесет годишната Гиновска.

Нејзина животна цел е да биде професионален војник, да биде во редовите на Армијата.    Со неа заедно е и Емилија Тодевска, исто така член на ЖФК Борец.  за која  потешки се обврските во фудбалот отколку во војската.

Полесно се снаоѓам  со оваа обврска, војничка отколку фудбалот. Тука нема остри стартови и груба игра. Се привикнавме на  новите обврски и новото друштво, млади од различни градови, различни националности. Ниту тоа што стануваме порано во  шест часот не претставува проблем .Ниту топката ниту друштвото не недостасуваат, имаме многу задачи тоа што се ни е исполнето – вели Тодевска која има 19 години.

На овој чин на давање свечена заклетва присуствуваше и целата женка екипа на клубот, која дојде да ги поддржи нивните колешки. Оваа класа на војници доброволци е меѓу побројната од досегашните дваесет генерации.  Свечено дадената  заклетва им ја честиташе заменикот министер, кој овој чин го поистовети со заклетвата на Гемиџиите.  

Денешните зборови кои ги кажавте, добро запаметете ги. Тие ќе бидат Ваша водилка низ животот.  Треба да бидете свесни дека со носењето на униформата на АРМ е чест и привилегија и ве одликува во однос на другите граѓани. Дадовте заклетва во градот на Гемиџиите, кои се симбол на  посветеноста кон татковината. Им благодарам на вашите семејства кои ви помогнале да се одлучите да бидете војник на АРМ  – рече заменикот министер Емил Димитриев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »