речник контакт

Фустан од природно зеленило, дело на Јагода Пачемска

Таа деновиве, пригодно за Нова година создаде природен фустан со зеленило од зимзелени дрвја а за зиработка и биле потребни 6 часа

Петар Печков

 Велешанката Јагода Пачемска  може да  се  пофали дека е единстената модна креаторка во Македонија, која работи со цвеќе.  Таа деновиве, пригодно за Нова година создаде природен фустан со зеленило од  зимзелени дрвја.    За да го изработи овој оригинален фустан, кој никој  нема да  го облече и беа потребни 6 часа.   

Фустантот е наменски, новогодишен декор. Изработен е исклучиво од свежо цвеќе и зеленило. Употребив десетина цветови од црвени рози  и од  зеленило - гранчиња на три видови зимзелени дрвја - елка, бор и лилиум . За да се добие  формата на фустан, морав да внимавам  зелените гранчиња да бидат  поситни, за да може да има облина. И сето тоа треба да се спои - објаснува Јагода. 

Нејзиниот фустан од зеленило го краси излогот на нејзината цвеќарница Фа-Бу.  Делата на Пачемска се тема на женските муабети оти таа единствена во земјава  преку цвеќето, на женската облека и дава нова содржина.  

Важна е идејата, а јас ја имам.Иако едно ми е во мислата, низ  изработката ќе излезе нешто друго и  во моментот одлучувам  како тоа ќе изгледа. Тоа е креативноста. Дел од  жените имаат фустан, парче облека, кое го платиле скапо, но само еднаш го облекле, повторно не. Го набавила за некоја посебна пригода. И така стои дома, неискористено. И затоа не можам да го разберам ставот, дека сакаат да носат во некоја пригода фустан од цвеќе, а се жалат дека рокот на користење е краток и нема да биде повторно носен. А толку многу работи дома стојат неискористени - ја постави дилемата Пачемска. 

На јавноста таа и е позната и по тоа што имаше изложба  од цветни дамски  шешири на коњски трки во Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »