речник контакт

Футсал екипата на Велес граби силно кон титула

Со 10:5 совладана петтопласираната екипа на Јувентус Серава

Петар Печков

Нова убедлива победа за футсал фудбалерите на КМФ Велес. Тие дома, во салата Гемиџии со 10:5 го совладаа тимот на Јувентус Серава.  

Уште една убедлива победа и прокнижени нови три бода за задржување на врвот на табелата . Стрелци на головите за КМФ Велес: Левески х 5, Тодоровски х 2 и Глигоров, Ранготов и Арсовски по   еден.

По 14 кола Велес и натаму е лидер со  40 бодови. Во следното коло велешани гостуваат на екипата  на  Илирет во Куманово која е претпоследна на  табелата со 7  бодови. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »