речник контакт

Футсал екипата на Велес во победничка серија

Пораз за КМФ Гемиџии и фудбалерките на Борец. Почна првенството во Втората кошаркарска лига Исток, велешани славеа со 73 поени предност

Петар Печков

Шампионот  КМФ Велес во голем стил ја совлада екипата на КМФ Кратово со 12:3 (8:1). Средбата се одигра во салата Гемиџии и единствена непозната беше со колку гола гостите ќе си заминат од Велес. Вториот велешки прволигаш КМФ Гемиџии 1903 загуби во Штип од екипата на КМФ Астибо со 1:4(1:3). По ова коло КМФ Велес е втор со 10 бодови а КМФ Гемиџии е осми со шест бодови. Во следното коло КМФ Гемиџии1903 дома игра со лидерот КМФ Шкупи а КМФ Велес гостува во соседското дерби  Скопје  на КМФ Железарец кој е трети со девет бодови.   

Фудбалерките на ЖФК Борец доживеаја уште еден тежок пораз. Дома на Градски загубија од ЖФК Тетово со 0:10 (0:4). Осетно подмладената домашна екипа годинава  е лесен противник за противниците па така беше и на оваа средба, иако по пет кола има две победи.  По ова кола велшанки се претпоследни без бодови а во следното коло гостуваат во Радовиш, на последната екипата од табелата ФК Плачковица. Тоа е можност една од двете екипи за забележи и конечна радост.   

Поради настап на тројца членови на ФК Борец за младинската репрезентација на турнир во Русија, дербито од Втората лига Исток ФК Борец 1919 -ФК Тиквеш 1930 е одложено за 30-ти октомври.  

Поради настап во евро купот ЕХФ  на скопски Пролет викендов во Чешка,  средбата од петтото коло е одложена за в среда , се игра во салата Гемиџии. 

Кошаркарите на КК Борец со победа стартуваа во Втората лига Исток. Дома победија со високи 73 поени против кумановската екипа на Милановски 121:48.  Најефикасни кај домаќините беа Камишев 26, Виларов 22 и Мартин Караколев 21. Во следното коло гостуваат на екипата на Баскет КАМ во Македонска Каменица. Во оваа конкуренција настапуваат 13 екипи. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »