речник контакт

Футсал екипата на Велес елиминирана од Купот

Освојувачот на Купот - КМФ Велес сопрен уште во 1/8 од Шкендија во Тетово, со резултат 13:10

Петар Печков

Во осмина финаеето од футсал Купот на Македонија, екипата на КМФ  Велес е елиминирана од екипата на Шкендија во Тетово. Резултатот е висок 13:10, полувреме 6:3 за домаќините. Велешани кои минатата година го освоија купот, со победа против Шкупи во Струмица од 6:3, овој пат рано се елиминирани уште на стартот на ова натпреварување.

Иако фаворит, со истиот состав со кој се лидери на табелата и без пораз, КФМ Велес неочекувано загуби од Шкендија, која е екипа од средината на табелата, но Купот секогаш носи изненадувања.

Така оваа сезона Македонија ќе добие нов Куп освојувач. Викеднов, во сабота продолжува првенството со 13-тото коло  и дома во салата Гемиџии велешани играат со екипата на Јувентус Серава, но без публика. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »