речник контакт

Футсал екипата на Велес со нова управа и европски амбиции

Скендеровски го презеде клубот. Ќе има ли Велес европски дострели како Железарец?

Петар Печков

Васко Скендеровски, досегашниот главен спонзор на македонскиот футсал шампион Железарец, поради повеќегодишни недоразбирања со дел од управата го напушта клубот и  го презема КМФ Велес.

За новиот предизвик поранешниот селектор на македонската репрезентација денеска говореше на прес-конференција на која присуствуваше и новиот менаџер на КМФ Велес, Бојана Скендеровски.

– Железарец го напуштивме поради недоразбирање помеѓу нас како главни спонзори и дел од управата на клубот кое траеше подолго. Им посакувам успех во иднина. Со КМФ Велес се договоривме да имаме целосна контрола над управувачкиот пакет. Наша цел е Велес да стане еден европски модерен клуб. Се надевам дека со вложувањата, добрата организација и малку среќа, најмалку ќе го повториме успехот на Железарец од минатата година кога бевме шести во Европа, а зошто не и чекор понатаму. Што се однесува до составот, сите фудбалери од Железарец заедно со тренерот Иван Божовиќ ќе преминат во Велес,ќе се тренира во Скопје, а ќе се игра во Велес. Тоа е град што заслужува да има квалитетен клуб и се надевам дека таму ќе има полни трибини на нашите натпревари, рече Скендеровски.

Можеби најголемата причина да продолжам да вложувам во футсалот, тоа се квалификациите за ЕП кои македонската репрезентација идната година се надевам ќе ги игра во Скопје. Поради фактот што немаме повеќе квалитетни екипи во државата сакам сите репрезентативци да бидат собрани во една екипа, да тренираат редовно и квалитетно и да имаат професионален ангажман, како што беше досега во претходниот клуб, додаде новиот финансиер на КМФ Велес.

Новиот претседателот на клубот, Бојана Скендеровски рече дека Велес не е случајно одбран, туку тоа е направено по долга опсервација и со цел футсалот да се популаризира и надвор од главниот град.

-Ќе дадеме се од себе организацијата да биде на едно високо ниво. Во управата се одбрани луѓе кои верувам дека имаат квалитет и ќе се трудат се да функционира беспрекорно и се надевам дека ќе ги исполниме очекувањата, истакна менаџерот на клубот.  Првиот човек на КМФ Велес остави можност, во случај Железарец да се откаже од учество во Лигата на шампионите, неговото место да го заземе велешкиот клуб.

Скенедровски најави и подготвеност да финансира во спортската сала во Велес со цел подобрување на условите за тренинзи и за одржување натпревари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »