речник контакт

Футсал екипата на Гемиџии 1903 нов прволигаш

Порази за фудбалерките и ракометарите на Борец

Петар Печков

Привршува спортската сезона 2017/18. Викендов се одиграа три натпреври на велешките екипи. Футсал екипата на Гемиџии 1903 со  победа од 2:7 на гостувањето во Кочари против екипата на Торпедо го потврди влезот во Првата лига. Тие беа на прагот да го освојат Купот, но во финалето загубија со 4:1 од прволигашот Јувентус од Серава. Така догодина Велес ќе има две футсал екипи во Прва лига, првакот КМФ Велес и КМФ Гемиџии 1903. 

Фудбалерките на ЖФК Борец очекувано згубија во последното коло од првенството, во Струмица од екипата на Тиверија со тесен резултат до 3:2. Домаќинките со оваа победа станаа прваци на Македонија. Велешанки пак со неколкуте порази во финишот од првенството го расипаа одличниот пласман, од трето место паднаа на петто, што е сепак успех за екипата. На крајот собраа 40 бода и 13 победи.

Загубија и ракометарите на ГРК Борец на гостувањето кај лидерот во разигрувањето за опстанок, екипата на Радовиш. Резултатот е 39:33 (21:11). Домаќините кои се најквалитетни во ова друштво од пет екипи, на моменти имале предност и од 12 гола  26:14, за на крајот да победат со подносливи минус шест за велешани. Најефикасен кај ГРК Борец беше младиот Филип Николов со седум гола. Во следното последно коло ГРК Борец на домашен терен го пречекува соседот на табелата  Вардар јуниор и тоа ќе биде средба за  второто место во оваа конкуренција, разликата меѓу двете екипи е еден бод, предност за велешани.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »