речник контакт

Футсал екипата на КМФ Кеги моби се спасуваше од пораз во Струга од последно пласираниот тим во Првата лига

ФК Борец со пораз ја заврши есенската полу етапа од Втората лига. Клубот запиша серија од 19 натпревари без победа или реми

Петар Печков

  Футсал екипата на КМФ Кеги моби се спасуваше од пораз во Струга од последно пласираниот тим на табелата  КМФ Енхалон. Велешани во   12 коло одиграа реми 5:5 , а домашните водеа со 2:0, па  5:2 а фудбалерите на КФМ Кеги моби успеаја д а израмнат и спасат бод. По ова коло тие се  4-ти  со 15 бода. Во следното коло играат дома со КМФ Арбен Бајрами кој е на дела на првото место со по 27 бодови со екипата на КМФ Проект.

Во последното есенско коло од Втората фудбалска лига, екипата на ФК Борец играше во Охрид против  трето пласираниот тим на табелата ФК Воска спорт и загуби со 6:0 (4:0). Со ова заврши една катастрофална полусезона во 15 одиграни натпревари велешани не освои ниту бод и е последен.

Ако се земе во предвид дека последната победа ФК Боец ја имаше во 30 коло од Првата лига на 1 мај на Градски,  против ФК Скопје а одигра и еден куп натпревар во 1/16 финалето, тоа е серија од 19 натпревари  без победа или реми. Дилемата е дали некој друг клуб во висок ранг во  Македонија имал таков поразителен сразмер. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »