речник контакт

Футсал репрезентативецот Дарко Ранготов се прости од националниот дрес

За селекцијата на Македонија на 111 натпревари постигна 50 гола

Петар Печков

Велешанецот Дарко Ранготов, репрезентативец во футсал го одигра последниот репрезентативен натпревар во дресот на Македонија. Тој објави дека ја завршува репрезентативна кариера.

Последниот натпревар за репрезентацијата го одигра во неделата против селекцијата на Шведска во квалификациите за СП и постигна два гола за разделба и победа.

Дарко Ранготов за националниот футсал тим одигра 111 натпревари, на кои има  постигнато 50 гола. Во домашното футсал првенство ги носеше дресовите КМФ Велес, КМФ Гемиџии од Велес, КМФ Хедис, КМФ Железарец, а во моментов е играч и капитен на КМФ Проект. Покрај во домашното футсал првенство, како интернационалец кратко играше во Либан и две успешни сезони во екипата на Сквер од Дубровник. На клубско ниво, екипно освои шест шампионски титули, како и пет Куп-трофеи, а од ФФМ еднаш беше прогласен за најдобар футсал играч во Македонија.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »