речник контакт

Хабитат Македонија донираше 300 канти за смет, за ромското население од Велес

Проектот е финансиран од ЕУ

Петар Печков

Хабитат  Македонија донираше на Општина Велес 300 канти за смет. Тие се наменети за собирање на комунален отпад  преку проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници”. Истите ќе бидат  распределени на жителите од месноста „Рамина“. Проектот е финансиран од ЕУ.

„Оваа активност е дел од еден поширок спектар  на работи кои ги работиме во Општина Велес. Работиме на изработка на ДУП за 25 хектари земјиште во приградски населби каде живеат ранливи категории граѓани. Во тек е процес на селекција на семејства кои  ќе живеат во шестата зграда која ја изградивме. Реконструираме три дома на социјално загрозени семејства во Велес. Имаме повеќе интервенции во   домувањето на граѓаните, што е основан цел на нашата организација„ - кажа Лиле Алчева,заемник директор на програма на Хабитат Македонија.    

„Со оваа донација ќе се подобри хигиената во одредени делови на градот но и ќе се подигне јавната свест за нивно користење. Ова не е прва донација која ни ја додели Хабитат Македонија и изразувам  јавна благодарност за сите нивни донации на Општина Велес“’ - кажа градоначалникот Марко Колев.    

„Голема благодарност за оваа донација.  Со секој ваков гест се помага во одржувањето на хигиената во градот. Со ова се олеснува работата на ЈКП Дервен, за почиста средина.  Истите ќе бидат распределени уште неделава“ - изјави Горан Наунчев директор на ЈКП Дервен.  

Хабитат Македонија е присутен во Велес од 2008 година и преку повеќе содржини и  проекти интервенира во областа на домувањето на граѓаните, пред се од социјално ранливите категории.  Изградени се пет згради каде живеат  36 велешки семејства.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »