речник контакт

Хабитат Македонија обезбеди две возила за комунален отпад, вредни 22 илјади евра

Наменети се за собирање цврст комунален отпад од локации каде живее ромско население, ќе ги користи ЈКП Дервен

Петар Печков

Американската  невладина и непрофитна организација „Хабитат Македонија“ и  донираше  на Општина Велес  две возила за собирање на комунален отпад.  Нивен корисник ќе биде ЈКП Дервен а се наменети за собирање на цврст комунален отпадот,  од локации во Велес, каде што живее ромско население.  Возилата се набавени од проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ што „Хабитат“ Македонија го реализира во  Општините Велес и Шуто Оризари.

Набавката на овие возила е само еден дел од проектот.  Натаму вклучува изработка на ДУП  за два густо населени опфати во Општина Велес како и реконструкција на домови каде живеат маргинализирани семејства од ромската заедница - кажа Зоран Костов директор на „Хабитат Македонија“.

Возилата за собирање на цврст комунален отпад чинат околу 22 000 евра, проектот е финансиран од Европската Унија.

Овие возила ни се неопходни за стрмните и непристапни улици во населбата каде што живеат ромите. Се надевам дека ќе го подобриме квалитетот на живот-  рече Тони  Јовиќ, директор на ЈКП Дервен, кое ќе биде корисник на возилата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »