речник контакт

Хабитат го исполнува животниот сон на дел од велешани

Привршува изградбата на дел од населбата Хабитат во Велес, наменета за семејства со ниски примања и млади брачни двојки.

Петар Печков

 Нејзините 24 први жители ги потпишаа договорите со кој стануваат сопственици на еден од исто толку станови, кои ќе ги добијат при крајот на август. Иако клучевите ќе им бидат врачени по три месеци, радоста кај семејствата беше голема, бидејќи наскоро ќе добијат кров над главата, под мошне поволни услови. Тие со доброволна работа учествуваа во изградбата на становите.

Со овој проект се реализира нашиот сон, за сопствен дом, кој е на чекор до исполнување. Од моментот кога аплициравме за дом во Хабитат, нашите живот се исполнија со надеж и исчекување. Сега тие станаа стварност. Искуството да учествуваме во изградбата на домот, заедно со волонтери од цел свет, се непроценливо искуство и се пример како луѓето од различни делови на светот ќе се обединат околу една цел – изјави Симеон  Гичев сопственик на еден од 24 стана.

Тој во него ќе живее заедно со четиричленото семејство, плус неговите родители. Заедно со останатите станари, сите тие, се презадоволни од условите на отплата на нивните новите домови. Овој проект беше со нетрпение очекуван од страна на бројните велешки семејства, кои транзицијата ги остави на маргините, без можност да најдат дом.

Од 11-те предвидени згради, според проектот, првата фаза опфаќа изградба  на четири објекти со 24 станови кои се привршуваат. Становите се движат од 50 со 75 м2 а ќе се отплаќаат до 20 години со учество од 10 отсто и месечна рата од 105 до 135 евра - изјави Татјана Лазаровска претседател на УО на Хабитат Македонија.

Втората фаза се очекува да стартува наесен, кога треба да започне изградбата на нови седум згради со 66 стана. Архитектурата на четирите згради е прилагодена на карактеристичната   стара градска по која Велес е препознатлив. Населбата ќе се простира на 10 илјади метри квадратни површина во месноста Тунел 2 и е лоцирана на државно земјиште, кое е добиено на долгогодишно користење по јавен повик од Министерството за транспорт и врски.

Секој има прво на сопствен дом и убаво е чувството кога некое семејство ќе се вдоми. Тоа е место каде нивните деца ќе растат и создадат подобро општество. Сите ние ги помниме по убаво местата каде пораснавме, кај нас  предизвикува емоции и тоа е духовно место, затоа задоволство ни е што помагаме на некои семејства да добијат дом – изјави Дон Хашчин заменик претседател на Хабитат за Европа и Централна Азија.

Хабитат – Македонија е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и достапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија. Комплетно инфраструктурата на нaселбата е обврска на локалната самоуправа на Велес. Таа најавува водоводот, канализацијата, пристапните патишта, дека ќе се завршат со довршувањето на зградите.
 
Во изградбата на становите помогнаа партнер семејствата на Хабитат – Македонија, како и над 500 волонтери од САД, Канада, Европа и Македонија. Изградбата на зградите е поддржана од поединци, здруженија и компании од Северна Америка, Европа и Македонија. Во нејзината изградба учествуваа претседателот Горги Иванов, американскиот амбасадор Филип Рикер, во неколку наврати велешкиот градоначалник Горан  Петров, учениците од американската гимназија ,,Нова,, .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »