речник контакт

Хабитат е одличен пример на соработката меѓу Американците и Македонците

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли во посета на Велес

Петар Печков

Изградбата на становите во населбата Хабитата во Велес е пример за блиската соработка меѓу Американците и Македонците. На овој начин им изразуваме благодарност на нашите домаќини, истакна американскиот амбасадор во Скопје Џес Бејли,кој беше во посета на градилиштето во велешката населба Тунел.

На ова градилиште, со помош на меѓународни локални волонтери се градат живеалишта за лица  со ниски примања.  Моментално таму се 23 ученици од интернационално  средно училиште од  Москва

Ова е пример како американската организација отишла преку Атлантикот и вклучува доброволци, некои професионалци други не, во градежништвото. Сите споделуваат заедничка желба да изградат подобра заедница. Подобра форма од меѓународна соработка не можам да замислам. Многу членови од  амбасадата доаѓале да работат доброволно. Тоа е многу  добар начин да им вратиме барем малку на нашите домаќини во Македонија - изјави амбасадорот Бејли.

Хабитатат е повеќе години присутен во Велес,. Досега се изградија 4 згради со 24 стана кои се вселени  а во тек е изградбата на нов зграда  со 12 стана која траба да заврши до крајот на годината. Американскиот амбасадор се сретна и со фамилиите од поширокиот регион на Велес, кои вдомиле припадници на Мировниот корпус, американско Владина организација.

Задоволство ми е што слушнав дека во наредниот период ќе ја продолжиме нашата соработка. Локалната власт е подготвена да  изготви локации за експанзија на  овој вид на градба. Нашата соработка со Американскиот народ продолжува - рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »