речник контакт

Халите на Порцеланка и Киро Ќучук на продажба

Порцеланка за 7,7 а Киро Ќучук за 3,7 милиони евра. Дилема што се продава кога и двата субјекти имаа хали со сопственици

Петар Печков

Владата почнува да им ги нуди на потенцијалните инвеститори напуштените објекти низ земјава кои се во вкупна површина од околу 4,7 милиони квадратни метри. Меѓу нив   се и халите на Порцеланка и Киро Ќучук.  Листата што ја изготви Владата се состои од некогашни сали за производство, магацински простор, сместувачки капацитети, хотели, мотели, одморалишта, ресторани, земјоделско земјиште, згради, бараки, хангари, оранжерии и други ресурси, кои со години не се употребуваат и зјаат празни.

За поголем дел од нив, како што стои и на веб-страницата на Агенцијата за странски инвестиции, веќе е утврдена почетна цена за продажба, а некои се' уште не се проценети и на заинтересираниот инвеститор му е посочено дека треба да се јави во Агенцијата за натамошно договарање и инструкции.  Така за Порцелнака стои сумата од 7,7 милиони евра а за Киро Ќучук  3,7 милиони евра.

Овој нов модел на привлекување инвестиции преку рекомпонирање, реструктурирање, реновирање и воведување нови процеси за работа, за производство или за друг вид на дејност, претставува шанса за нови бизнис- можности и за остварување профит. Тоа ќе биде и економски бенефит за општината и за регионот каде што се лоцирани капацитетите, а пред се ќе се отворат можности за нови работни места“, велат надлежните од Економија.

И додека Владата ги нуди овие објекти за продажба од друга страна Порцеланка е во 80 отсто сопственост на Комерцијална банка додека Киро Ќучук во стечај, сите хали се под хипотека на Тутунска Банка.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »