речник контакт

Хелас експрес се враќа летово на македонски пруги

Повторно Велес меѓународно поврзан со воз, сообраќа возот од Солун за Белград. Македонски железница осетно ги намали цените на меѓународните билети за Белград, Загреб и Љубљана

Петар Печков

Од 1-ви јуни, МЖ транспорт информира, дека се враќа во сообраќај редовната  меѓународна линија  возот  ,,Хелас експрес,, на  релацијата Белград- Скопје – Солун.  

Тој од Велес  за Солун ќе тргнува  наутро во 05:25 од Солун за Велес  во 18:30, по локално време. Додека за Белград   од Велес ќе вози во  21:12 а од Белград тргнува во  18:35.

Поради реконструкција на пругата во Грција, одреден период возот ќе сообраќа до Гевгелија а од таму до Солун и обратно патниците ќе се возат со автобус.

Истоварено МЖ транспорт  воведе дисконти специјални цени за некои од Балканските престолнини.

Така   Скопје- Белград Србија во еден правец  е13,80 ЕУР или 855,00 денари а повратен билет до Белград и назад чини  27,60 ЕУР или 1709,00 денари. 

Скопје -Загреб Хрватска во еден правец  билетот е 29 ЕУР или 1,796,00 денари а повратен  билет  кошта  59 ЕУР или 3,653, 00 денари. 

Железничкиот билет до Љубљана -  Словенија  во еден правец  е 37,50 ЕУР или 2,322,00 денари, додека  повратен билет  се наплатува   75 ЕУР или 4,643,00 денари.

До Ниш  цената во еден правец 6,90 ЕУР или 428,00 денари а повратен билет кошта 13,70 ЕУР или 849,00 денари. За деца се обезбедува дополнителен попуст од 50 % од цената за возрасни.

Цената на овие билети е далеку пониска од автобуските за истите   правци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »