речник контакт

Хепенинг на децата со посебни потреби

Така се одбележа патрониот празник на ПОУ Маца Овчарова. Потребни им е што повеќе пристапни рампи, што повеќе толкувачи на знаковен говорен јазик и специјализирани средства за овие дечиња

Петар Печков

Патрон празник на  Посебно ОУ Маца Овчарова, кое обележа 41 година постоење, се состоеше  преку неконвенционален начин,   детски хепенинг  под  мотото  ,,Се работи за можности,,.

Децата и нивните гости од сите основни училишта од градот, но и од Дневниот центар за деца со посебни потреби се  црташе во боја на тема виножито. Директорката на училиштето побара  да се почитуваат сите права и слободи на децата со  посебни потреби и  тие да ги  имаат како и останатите.

 Има многу напредок во живеењето, меѓутоа  потребно е да има  што повеќе пристапни рампи, што повеќе толкувачи на знаковен говорен јазик и  специјализирани средства за овие дечиња. Една држава не се цени колку богатства има туку и колку  прави има  за лицата со посебни потреби – изјави Тања Љапова директорка на училиштето.

 Таму учат и престојуваат 70 деца,  не само од Велес туку и од Повардарјето. Тие заедно со останатите основци преку заедничка игра ,с се дружеа во Младинскиот парк,  создаваат ликовни творби
     
Виножито е симбол дека  сите сме посебни и значајни на свој начин. Секоја боја во палетата   има свое значење, така и во различноста на сите нас се состои убавината – рече Љапова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »