речник контакт

Хидросистемите во Македонија оставени на забот на времето, во нив 30 години ништо не е вложено

Земјоделците велат дека тие со години плаќаат надоместок, но ништо од тие средства не се користи за инвестирање

Петар Печков

Хидро-системите во Македонија стареат и во последните 30 години, во самостојна Македонија,  во нив ништо не е вложено. Земјоделците велат дека тие со години плаќаат надоместок, но ништо од тие средства не се користи за инвестирање. 

Одржување скоро и нема, единствено ако се случи некоја хаварија, како на „Макарија“ тогаш се бара итно решение. Проблемите во системите за наводнување влијаат врз обезбедувањето на вода за земјоделските култури, за овошките и на нивниот род, реагираат земјоделците и овоштарите.   

„Влегуваме во период кога објектите од овие хидро- системи  ни застаруваат, изградени се пред 50-60 години, нема вложувања во нив. Сериозно треба да се посветиме на водостопанството. Тоа од формирањето на државата, 30 години ни тоне.  За поправка на вакви дефекти, како на „Макарија“  мора самите водостопанства да имаат сопствени средства а не Владата да им го плаќа. Тоа е поради цената на водата, без оглед колку им се допаѓало ова на земјоделците“ - кажа проф. д-р. Петко Пеливановски од Градежниот факултет од Скопје.

Наспроти реакциите на стручната јавност, дека хидромелиоративните системи се запоставени, стари и без вложувања во нив, од Владата велат дека државата вложува значајни средства во обезбедување на нова инфраструктура за наводнување и поливање на земјоделските површини.  Премиерот Ковачевски вели дека сериозни се инвестициите во градење на брани и модерни системи. Тој признава дека системот „Макарија“ е оставен на забот на времето, откако е изграден, цели 55 години.

„Работиме на неколку капитални инвестиции, како што е браната Коњско, инвестиција од 40 милиони евра, чија изградба започна пред  три и пол години и завршува годинава. Ова е најголемиот капитален проект за водоснабдување во државата последните 50 години и втор најголем, било кога изграден во земјава. Годинава завршува и изградбата на хидро-системот Равен -Речица и  продолжува изградбата на брана на Оризарска река“ - вели  Ковачевски.  

Двата најголеми хидро- системи во земјава се Брегалница и Тиквеш. Овој вториот, во еден негов крак кој води до Росоман и Градско е вон употреба од 27 мај, поради голем дефект и 4 илјади хектари површини се без вода за поливање. Толку време и овошките и градинарските култури од овој регион се без вода а земјоделците и овоштарите трпат штети.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »