речник контакт

Хидросистемот „Лисиче“

На Хидросистемот „Лисиче“ во тек е монтажата на хидромеханичката опрема а градежните работи се завршени со 95 отсто од потребното, по што тој на почетокот од наредната година би бил готов а Велес ќе добива квалитетна вода за пиење.

Петар Печков

На Хидросистемот „Лисиче“ во тек е монтажата на хидромеханичката опрема а градежните работи се завршени со 95 отсто од потребното, по што тој на почетокот од наредната година би бил готов а Велес ќе добива квалитетна вода за пиење.

Ова се најавите од раководните луѓе на ЈП „Лисиче“, најголемата инвестиција во велешко, која се гради шеснаесет години, тешка стотина милиони евра.

- Шпанскиот инвеститор е и реализатор на монтажата на хидромеханичката опрема, чија вредност е 9,8 милиони евра. Ова се средства за кои што Македонија се задолжи ги доби од шпанската влада за реализација на овој проект. Доколку тие го почитуваат изведбениот план, треба да завршат до крајот на мај, по што би започнало да се полни езерото со вода - изјави Радивоје Цветковски директор на ЈП Лисиче.

Според динамичкиот план водата од Тополка ќе се полни квартално по 25 отсто од вкупниот капацитет на езерото од 23 милиони метри кубни вода. Ова е така за да се увидат и констатираат евентуалните проблеми и пропусти со протекот и истекувањето на вода.

Затоа доколку се биде во ред езерото би било наполнето а системот би започнал да го снабдува Велес со квалитетна вода за пиење на почетокот од наредната година.

Директорот Цветковски е благодарен на големата поддршка која тие ја добиваат од Министерствата за финансии и за земјоделие, шумарство и водостопанство кои инсистирале ХС „Лисиче“ да биде завршен во најскоро време но со квалитетна изведбена работа.

Досега е завршена браната долга 550 висока 66 метри, во нискиот дел широка 380 а на врвот осум метри. Подигната е водозафатана кула висока 60 метри. Завршени се управната и командна зграда од каде се управува со системот.

Во акумулацијата ќе се соберат 23 милиони кубни метри вода од сливно подрачје кое опфаќа 97 квадратни километри.

Водата од езерото Лисиче освен што ?е се користи за водоснабдување на Велес ќе се употребува за водоснабдување но и за ревитализација и полнење на езерото Младост.

Новата водна површина, лоцирана во реонот на Азот, ќе ја промени микроклимата во регионот а езерото ќе се пориби за спортски риболов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »