речник контакт

Хирург од Велес осуден на една година затвор

Докторот Кодовски: не се чувствувам виновен, постапив најсовесно и професионално

Петар Печков

Хирургот доктор Петре Кодовски добие една година затвор за кривично дело ,,тешки дела  против здравјето на луѓето. Тој беше прогласен за виновен во основниот суд во Велес, за смртта на седумгодишниот Месерт Зекиров, кој почина пред 4,5 години.

Пресудата која не е  правосилна,  е донесена врз оснава на вештачењето на стручните лица од Институтот за судска медицина и вештачење на Судско- медицинскиот одбор  кои констатирале дека,, докторот  не открил дека детето имало преплет на цревата, туку го оперирал од слепо црево.  Обвинетиот остро се спротивстави на ваквото тврдење на неговите колеги од Судска медицина.

Жалам за изгубениот млад живот, но не се чувствувам виновен.  Само ние кои работиме во оваа професија знаеме  како се носиме со овие работи, кои се случуваат во хирургијата.  Не сум виновен за последиците, оти ако се чувствував одамна  ќе си заминев од ова работа  и ќе работев нешто друго. Повеќе од 5 илјади пациенти имам оперирано за овие 10 години моја работа и не се случил никаков  проблем. Пациентот најсовесно го  прегледав, и немаше  други   симптоми за можна друга болест  по  што пристапив на операцијата. Тврдам дека  не излезе гноева течност од стомачната шуплина на детето, која ќе сигнализира дека има нешто друго. Детето додека бев на работа, до утрото немаше  никаков проблем, немаше никаква реакција – изјави во своја одбрана докторот Кодовски. 

Според обвинението докторот несовесно постапил при укажување на лекарска помош, со што предизвикал влошување на здравствената состојба на  пациентот поради што настапила смрт. Тој беше осуден оти ,,поставил погрешна дијагноза дека здравствените проблеми на сега покојниот потекнуваат од воспаление на слепото црево, иако се работело за Илеус-преплет на цревата, по што извршил хируршка интервенција во која го отстранил слепото црево, но при тоа не направил доволна експлорација на тенкото црево и детекција на Мекеловиот дивертикулум, поради што во постоперативниот период дошло до влошување на здравствената состојба на детето .кое починало на  два дена подоцна, како последица на преплет на цревата, заради завртување на тенкото црево,,. Вештите лица констатирале дека  направен е пропуст за време на хируршката интервенција заради недоволна експлорација на тенкото црево и детекција на Мекеловиот диверикулум Бранителот на обвинетиот смета дека обвинението е на грешна адреса.

     Пациентот е примен и секаде во документите пишува ЈЗУ Општа Болница Велес.  Тоа е пациент на Болницата  не на обвинетиот. Кога дошло до усложнување на состојбата на детето, обвинетиот  доктор не бил на работа – рече адвокатот Ане Василковски.

Според пресудата докторот  е должен да ги плати и трошоците за вештачењето и судска постапка, во вкупна вредност од   260 илјади денари.  

   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »