речник контакт

Хирургот Нацев осуден на 8 месеци затвор за земање поткуп

Хирургот д-р Никола Нацев е прогласен за виновен за земање поткуп, поради што судијата Илија Танев му изрече мерка казна затвор од траење од осум месеци.

Петар Печков

Хирургот д-р Никола Нацев е прогласен за виновен за земање поткуп, поради што судијата Илија Танев му изрече мерка казна затвор од траење од осум месеци. Според судијата од изведените докази било јасно дека Нацев побарал и добил мито во вредност од 250 евра од оштетената Павлина Дрварова од Кавадарци. Парите биле предадени од страна на синот Душко Дрваров, дента кога неговата мајка ја напуштала велешката Болница. Пресудата не е правосилна и на неа жалба најави бранителот на докторот.

- Преку оваа пресуда судството се покажа дека е продолжена рака на полициската постапка, која беше монтирана против угледниот и респектиран хирург д-р Нацев. Со ништо во овој п?оцес не се докажа дека тој побарал подарок а уште помалку дека примил пари. Напротив во постапката се покажа и докажа дека банкнотите, 250-те евра воопшто не се допрени од обвинетиот. Тој и не знае каде биле ставени. Тие биле подметнати од полицискиот соработник во отворената фиока на бирото, кое не се заклучува а е заедничко за тројца доктори од канцеларијата – изјави бранителот Антонијо Димитровски. За него е спорно што не се земени отпечатоци од обвинетиот и од парите, што е доказ за тоа дека случајот е монтиран од страна на полицијата.

По изрекувањето на пресудата на хирургот Нацев му се слоши. Тој во завршниот збор рече дека е невин, и дека ниту побарал ниту земал пари а овој случај му го нарушил здравјето и угледот. Од судот побара да се има предвид фактот што за некој месец заминува пензија и дека имал повеќе од 10 илјади успешни операции во кариерата. Обвинителството пак потсети дека  д-р Нацев е повратник бидејќи веќе еднаш  има исто такво сторено дело, за што има одлежано затвор, но ја повлече забраната за вршење на професијата.

Доктор Никола Нацев е претседател на Здружението на лекарите на општина Велес, началник на хирушкото одделение и член на Советот на општина Велес од ВМРО-Македонска.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »