речник контакт

Хит претставата ,,Последните Македонци,, за затворање на годинашниот фестивал ,,Стоби,,

Фестивалот ќе се одржи од 15-ти до 30-ти јули. На него извесно е учество на претстави од Хрватска, Турција, Србија, Франција.

Петар Печков

  Десетиот јубилеен фестивал на античка драма ,,Стоби,, ќе се одржи од 15-ти до 30-ти јули соопштија организаторите. Тие  открија во програмскиот дел  само дека претставата на Драмски театар ,,Последните Македонци,, на Сашо Миленковски ќе биде одиграна во чест на добитниците, кога ќе биде врачена статуетките ,,Афродита,, за  наградените.

Овој фестивал е единствен на Балканот и затоа можам да кажам дека е престижен. Тој не е значаен за Македонија, туку и за Балканот и пошироко. Каква трага оставил зад себе, се гледа и кои се  релевантни  драмски имиња и театри се добитници на наградите изминатите девет години. Селекцијата на фестивалската програма е отежната, бидејќи на овие Балкански простори многу малку се играат антички претстави, таа е застапена во мал круг. Од година преку членството на ,,Стоби,,  во мрежата на европските театарски фестивали, очекуваме дека ќе имаме побогат избор за фестивалско учество – изјави  Зоран Љутков извршен директор на фестивалот ,,Стоби,,. 

Годинава тој нема да биде организиран од локалната власт на општина Велес, туку преку делегирана надлежност, тоа ќе го стори Здружението на граѓани ,,Фестивал на античка драма Стоби,,, кое единствено се јавило на конкурсот распишан за организатор на ,,Стоби,, .  На него извесно е учество на претстави од Хрватска, Турција, Србија, Франција.  Фестивалот финансиски е поддржан од Општина Велес со еден милион, со 700 илјади од Министерството за култура и 600 илјади денари од Винаријата Стоби како златен спонзор. 

 

Претставата ,,Последните Македонци,, е на  текст  базиран на сценариото за крајот на светот, кој според календарот на древните Маи, треба да се случи на 22 декември 2012 година. Несреќното сценарио на Маите во текстот на Миленковски успеале да го избегнат шест Македонци, кои останале живи додека биле на пикник на Алшар.

Во претставата играат Билјана Бличанец- Алексиќ, Рубенс Муратовски, Билјана Драгичевиќ- Пројковска, Трајанка Илиева, Зоран Љутков и Игор Ангелов. Аранжманите на музиката ги направи Венко Серафимов, а дизајнот на претставата е на Тихомир Спировски. Во авторската екипа се и етномузикологот Велика Стојкова-Серафимовска и музикологот Марко Коловски.

Иако претставата се занимава со прашањето за крајот на светот, жанровски е комедија. Приказната е едноставна, актерите се обидуваат да раскажат својата духовна историја со песни и ора. Има фрагменти од околу 140 народни песни и ора. Во текстот се интегрирани и делови од творештвото на Марко Цепенков

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »