речник контакт

Хоби – украл 10 коли

Фатен велешанец за кој полицијата смета дека одзел десет патнички автомобили и ги возел додека имало гориво.

Петар Печков

СВР Велес го товари деветнаесетгодишниот М.З. дека во текот на септември и октомври минатата година одзел десет автомобили а во истиот период  и четири кражби. М.З. е осомничен дека од паркинг простор или од пред домовите на сопствениците одзел седум возила Даеву Тико, едно Застава 128, едно Застава 750 и едно Фолсваген голф. Одземените возила ги користел да се вози со нив, се додека има гориво, во некои од нив превезувал дрва за греење.

Со автомобилот Голф сторил и сообраќајка, откако изгубил контрола и удрил во бетонски столб на регионалниот пат Велес – Градско. Велешката полиција при истрагата утврдила дека М.З. во истиот период сторил и четири кражби. Во два наврат од одземените возила украл акумулатор и цд-плеер а во два други наврати од паркирани возила, кои со сила ги отворил украл исто така акумулатор и радио ЦД  На  осомничениот  веќе му се изрекувани мерки засилен надзор од родител и од социјален роган, за строени кривични дела.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »