речник контакт

Хорор комедија со Николас Кејџ „Ренфилд“ со светската премиера и во киното во Велес

Наменскиот цртан филм, германскиот „Зајачка академија“ е насинхронизиран на македонски и се прикажува во 3Д киноверзум

Петар Печков

Ова седмица на репертоарот на 3Д киноверзум се шест  филма, од нив два се нови премиерни. Првиот е светска премиера на  хорор комедијата „Ренфилд“. Ренфилд (Николас Хoлт) одлучува да ја напушти својата повеќе вековна работа како служител на грофот Дракула (Николас Кејџ). Тој наоѓа нова можност за живот во денешниот Њу Орлеанс кога ќе се заљуби во жестока, но постојано агресивна сообраќајна полицајка по име Ребека Квинси (Авквафина). Филмот ќе се прикажува четврток, петок, вторник и среда.


Втората премиера е наменски германски  цртан филм, велигденски. „Зајачка академија „невозможна мисија -јајца“ насинхронизиран на македонски.   Училиштето за зајаци е на штрек: Подмолниот градски зајак Лео сака да го уништи Велигден еднаш засекогаш. Во договор со лисиците, тој планира да ги уништи сите велигденски јајца. Филмот на репертоарот е петок, сабота и понеделник

 

Хоророт  трилерот, „Егзорцизмот на Папата“  со Расел Кроу, ќе се прикажува сабота, понеделник и среда. Тој како егзорцист треба да го испита случајот со опседнатоста  на едно дете  и   случајно открива повеќевековна тајна што Ватикан очајно се труди да ја крие.    Ќе се прикажува, сабота, понеделник  и среда.


Најгледаниот филм изминатиот викенд во САД ќе се прикажува во Велес во вторник  DUNGEONS&DRAGONS: ЧЕСТ МЕЃУ КРАДЦИТЕ“. Шармантен крадец и група од неверојатни авантуристи изведуваат епски грабеж за да ја вратат изгубената реликвија, но работите тргнуваат опасно наопаку кога ќе се судрат со погрешни луѓе. Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves го носи богатиот свет и разиграниот дух на легендарната игра, во урнебесна и исполнета со акција авантура.

Филмот инспириран од видеоиграта „Супер Марио Брос“ .ја следи приказната за Супер Марио и Луиџи и нивното патување низ Кралството на Печурките. На репертоарот е, петок, сабота, и понеделник. Овој филм по само една недела од прикажувањето стана најгледаниот цртан филм  на премерното прикажување и има голема популарност по светските кина.

Оваа седмица се  прикажува и Џони Вик 4 дел. Новата авантура на Кијану Ривс е на филмското платно  денес четврток.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »