речник контакт

Хоророт „Егзорцизмот на Папата“ премиерно пред велешката кино публика (видео)

Премиера има и драмата „AIR“ за почетоците нa Мајк Џордан, со Мет Дејмон и Бен Афлек

Петар Печков

Ова седмица на репертоарот на 3Д киноверзум се четири  филма, од нив два се нови премиерни, кои имаат истовремено  со Велес и светски премиери. Првиот е хоророт  трилерот, „Егзорцизмот на Папата“  со Расел Кроу. Тој како егзорцист треба да го испита случајот со постанатоста на едно дете. Ќе се прикажува четврток, сабота, недела, вторник и среда. 


Драмата „Air“ со Мет Дејмон и Бен Афлек пред велешани, или како  Сони Вакаро и Nike пробуваат да го придобијат почетникот кошаркар Мајкл Џордан, за да создадат партнерство што ќе го револуционира спортскиот свет и современата култура. Ќе се прикажува петок, сабота, понеделник и среда. 

Најгледаниот филм изминатиот викенд во САД ќе се прикажува во Велес недела и понеделник. DUNGEONS&DRAGONS: ЧЕСТ МЕЃУ КРАДЦИТЕ“. Шармантен крадец и група од неверојатни авантуристи изведуваат епски грабеж за да ја вратат изгубената реликвија, но работите тргнуваат опасно наопаку кога ќе се судрат со погрешни луѓе. Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves го носи богатиот свет и разиграниот дух на легендарната игра, во урнебесна и исполнета со акција авантура.

Филмот инспириран од видеоиграта „Супер Марио Брос“ .ја следи приказната за Супер Марио и Луиџи и нивното патување низ Кралството на Печурките. На репертоарот е четврток, петок, сабота, недела и вторник.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »