речник контакт

Хоророт „Егзорцизам“ и акциониот „Моторџии“ премиера во 3Д киноверзум (видео)

На репертоарот се најгледаните два филма во светот деновиве: анимианиотм „Опаку, наопаку“ и акционата комедија „Лоши момци: Сè или ништо“, со Вил Смит и Мартин Лоренс

Петар Печков

Четири филма оваа седмица пред кино љубителите нуди 3Д киноверзум Велес. Два од нив се премиери.

Филмот МОТОРЏИИ, со Остин Батлер, Џоди Комер, Том Харди и Норман Ридус во главните улоги, го прати подемот на мотоциклистички клуб од средниот запад, по име Вандали. Кети (Џоди Комер), членка на Вандалите која е омажена за див, несовесен моторџија по име Бени (Остин Батлер), се сеќава на еволуцијата на Вандалите низ децениите, почнувајќи како локален клуб на аутсајдери,  обединети со громогласни мотори и почит кон нивниот силен, непоколеблив водач Џони (Том Харди). Како што животот во Вандалите станува поопасен и клубот се заканува да стане уште позлобна банда, Кети, Бени и Џони се принудени да донесуваат одлуки за нивната лојалност кон клубот и еден кон друг.


„Егзорцизам“ е американски натприроден хорор филм со Расел Кроу во улогата на Ентони Милер, актер чија влошена ментална состојба за снимањето  на хорор филм предизвикува неговата ќерка Ли да се сомнева или во неговите поранешни зависности или во некоја позлобна причина. 

„Опаку, наопаку“ е американски анимиран, семеен филм за сите возрасти, продолжение на  успешниот филм од 2015 година. Филм кој изминатиот викенд беше најгледан во светот.  Семеен филмски хит кој со сигурност ќе ве насмее. Направете место за нови емоции со најновиот филм од Дизни! Среќата, тагата, лутината, стравот, гадливоста силно ќе бидат потресени со доаѓањето на тежината, досадата, зависта, срамот.  Филмот е во продукција на Pixar Animation Studija  и Walt Disney.

Хит филмот во светот-  Лоши момци: Сè или ништо, нова авантура на Вил Смит и Мартин Лоренс во 3Д кинвоерзум трета седмица.  Ова лето, омилените лоши момци на светот се враќаат со својот неверојатен микс од акција и урнебесна комедија, но овој пат со пресврт: најдобрите од Мајами сега се во бегство.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »