речник контакт

Хорот „Св. Кирил и Методиј“ со настапи во Охрид и Струмица (фото и видео)

Младите велешанки под диригентство на Веселинка Маџарова настапија во Св. Софија и „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“

Петар Печков

Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ имаше два значајни настапи изминатите денови. Учествуваше на  првиот ,,Струмица класика интернационален фестивал’’, на кој најголем дел од програмата беше посветена на камерната класична музика. Земаа учество  и на  четвртиот Меѓународен  хорски фестивал „Гласот на Охрид“ кој се одржа во катедралната црква „Св. Софија“.

„Престиж и голем чин е да се настапи и пее во црквата Св. Софија, таму не може секој да настапи. За нас тоа беше голем момент“ - кажа диригентот на хорот Веселинка Маџарова.

За настапот во Струмица изворно коментарот на мецосопранот  М-р Елисавета Бончева

„Овој неповторлив концерт се одржа во црквата „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“. Ангелските гласови на младите хористки звучеа божествено, а од музички аспект пееја чисто интонативно, со точна динамика и сите придружни елементи потребни за хорско пеење. Акустиката во црквата придонесе за тоа овој концерт да биде вистински празник за нас публиката што ја имавме таа чест и задоволство да ги слушаме и гледаме во живо, а долгите аплаузи на публиката изнудија бис!“

Настапот на младите велешки хористи може да го проследите на ова видео почнувајќи од 23 минута. Исполнуваат три традиционални, стари македонски народни  песни.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »